Александар Јанев и Сашко Лафчиски / Фото: МВР

Се сретнаа вториот човек во полицијата и првиот во војската

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денес во Генералштабот на Армијата остварил работна средба со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, соопштија од кабинетот на Јанев.

„Разговаравме за унапредување на соработката меѓу Бирото за јавна безбедност и Армијата, со акцент на градењето институционална отпорност, поддршка на НАТО капацитетите, како и заедничките активности во областа на граничната безбедност, управувањето со кризи и обуките.“, вели директорот Јанев.

Тој во соопштението нагласува дека „само преку континуирана и конструктивна соработка ќе придонесеме за уште поголема безбедност и стабилност на нашата држава“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот