О. Ѓорѓиевски и Б. Азески

Се сретнаа првите луѓе на Стопанската комора и ЗЕЛС, Азески и Ѓорѓиевски

Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески одржа работна средба со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, во просториите на општината. На средбата се разговараше на повеќе теми, значајни за бизнисот и општините. Стана збор за проблемите на бизнисите, децентрализацијата и инвестиционата активност на општините. Интересот на најголемата и најзначајна бизнис организација е инвестиционата активност да се пренесе низ целата држава, со што ќе се овозможи зголемен раст на бруто домашниот производ, како и остварување на целите од континуирано зголемување на растот, со што пак ќе се возможи поголем стандард за граѓаните и развој на компаниите, пишува во соопштението за средбата.

Стопанската комора повтори дека ќе ги поддржи сите интенции на Владата кои одат во правец на остварување на раст над 4%, градење на правна држава, како и владеење на принципите на пазарната економија.

„Во разговорите градоначалникот го информираше претседателот Азески за активностите на општината на тој план, а беа разменети и мислења за градење на имплементација на сите политики кои водат кон остварување на оваа суштинска цел – ослободување на сите невралгични точки за равој на бизнисот, создавање на поволна бизнис клима и изнаоѓање на решенија коишто ќе овозможат поддршка на сите бизниси кои остваруваат додадена вредност, водат сметка за заштита на еколошката средина и отвораат нови работни места“, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот