Доктор Андон Чибишев / Фото: Архива на Слободен печат

Се шпекулира дека доктор Андон Чибишев ќе биде нов медицински директор на Токсикологија

Името на професор доктор Андон Чибишев, долгогодишен професор на Медицинскиот факултет, поранешен пратеник и директор на Клиниката за токсикологија, е едно од оние за кои се шпекулира за функцијата медицински директор на Клиниката за токсикологија. „Слободен печат“ го праша доктор Чибишев дали добил таква официјална понуда, на што тој одговори негативно, но рече дека веќе почнал да прима честитки и прашања и од други новинари, бидејќи таквата шпекулација е распространета. Министерот за здравство Арбен Таравари не одговори на пораката од „Слободен печат“ дали ќе го назначи доктор Чибишев за директор на Клиниката за токсикологија.

Клиниката за токсикологија ќе мора да добие нов медицински директор во најскоро време, бидејќи економската директорка Бесија Иљази е разрешена, а без медицински директор болницата не би имала раководство. Министерот за здравство Арбен Таравари вчера најави дека во јавните здравствени установи каде ќе ги разреши економските директори, веднаш ќе постави нови медицински директори за работата непречено да продолжи.

Професор доктор Андон Чибишев долги години работи на Клиниката за токсикологија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот