Архива СП

Се преврте автобус со деца во Франција, има 18 повредени

Најмалку 21 лица, од кои 18 деца, се повредени вчера во несреќа на француските Алпи кога автобус со основци се превртел и низ падина паднал во поток. Во автобусот се превезувале 40 основци, кои се враќале дома од патување на Алпите.

Возачот и совозачот се најтешко повредени, додека 18 деца и еден возрасен се здобиле со полесни повреди, изјави Фабиен Мулик, градоначалник на градот Корп, каде што се случила несреќата.

Локалните власти за француските медиуми изјавија дека времето било ведро, а на местото каде што автобусот излетал нема мраз или снег. Тие соопштија дека сите деца носеле сигурносен појас, јави РСЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот