Фабрика фото архива на Слободен печат

Сè повеќе германски компании во банкрот

Германија се соочува со нагло зголемување на бројот на банкротирани компании. Во јули, според податоците на статистичката служба Дестатис, е забележан скок од дури 21,9% во споредба со истиот месец минатата година. Овој тренд претставува највисок месечен раст од октомври минатата година и укажува на продолжување на економската криза во земјата.

Иако во мај имаше зрак надеж поради помалку барања за банкрот, податоците од јули ја разбија таа надеж. Според проценката на Институтот за економски истражувања Хол (IWH), во јули се покренати 1.588 стечајни постапки, што е за 64% повеќе од просечниот број на банкроти во периодот од 2016 до 2019 година.

Интересно е што банкротите претежно се однесуваат на помали компании, поради што нивниот колапс нема значително влијание врз стапката на невработеност во Германија. Сепак, кредитните бироа предвидуваат дека трендот на раст ќе продолжи, па се очекува оваа година да ја надмине 2024 година, кога беа регистрирани 21.812 банкроти – најмногу од 2015 година.

Експертите го поврзуваат ова зголемување на банкротите со крајот на државната помош поради пандемијата, како и со порастот на цените на енергијата, прекумерната бирократија и општата политичка неизвесност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот