Се појави првата фотографија од уапсениот Украинец осомничен за саботажа на „Северен тек“

Италијанскиот портал „Опен онлајн“ ја објави првата фотографија од украинскиот државјанин Сергеј Кузнецов, уапсен во Италија по барање на Германија под сомнение дека учествувал во нападите врз гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“ во 2022 година.

На фотографијата е прикажан маж на средна возраст, ќелав, со кратки мустаќи и брада.

Канцеларијата на германскиот обвинител еден ден претходно објави дека Сергеј К., осомничен за координирање саботажа, е приведен во Италија врз основа на германска потерница. Според достапните информации, тој бил дел од група што поставила експлозивни направи на гасовод во близина на данскиот остров Борнхолм. За транспорт била користена едрилица што отпловила од германскиот град Росток, а Кузнецов наводно бил меѓу организаторите на операцијата.

Експлозиите на „Северен тек“ се случиле на 26 септември 2022 година. Германија, Данска и Шведска посочија дека станува збор за можен чин на саботажа, додека Русија покрена кривична постапка за чин на меѓународен тероризам.

Подоцна се појавија извештаи што укажуваат на можна вмешаност на украински структури. Така, „Волстрит журнал“ објави во август минатата година, повикувајќи се на извори, дека идејата за нападот се појавила во мај 2022 година за време на разговор меѓу високи офицери на украинските вооружени сили и бизнисмен во еден бар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот