
Се појави лажна вест дека починал рускиот политичар Владимир Жириновски
Денеска се појави вест дека лидерот на Либерално-демократската партија на Русија, Владимир Жириновски, наводно починал на 75-годишна возраст.
Препорачано
Веста ја пренесоа бројни руски медиуми, по што се огласи претседателот на руската Дума, Вјачеслав Володин, кој ја демантираше таа информација.
– Сакам да ги смирам сите оние кои се загрижени за здравјето на Владимир Волфович Жириновски. Тој е жив. Неговата состојба е навистина тешка. Ние се грижиме за него, лекарите се борат. Тој е силен човек – рече Володин.
Демант стигна и од руското Министерство за здравство.
„Состојбата на Жириновски се оценува како стабилна, лекарите продолжуваат да ја пружаат сета можна медицинска помош во оваа ситуација“, соопшти Министерството.
Жириновски во февруари беше пренесен во болница во Москва поради воспаление на белите дробови, а беше приклучен на респиратор. Жириновски е заразен со коронавирус.
Жириновски е роден во Алмати, Казахстан. Тој е руски политичар, основач и лидер на Либерално-демократската партија на Русија, заменик претседател на руската Дума и член на Советот на Европа.
Иако Жириновски се претставува како радикален руски националист, неговата националност е дискутабилна.
Имено, анегдотата за тоа како одговорил на новинарско прашање за неговата националност веќе стана легендарна: „Мајка ми е Русинка, а татко ми правник“.