
Се отвора изложбата „Трета страна на стварноста“ во МСУ
Постановката отвора повеќе дилеми на едно кондензирано место – што значи солидарноста кога станува збор за вредностите кои фрлаат нова светлина и обезбедуваат поинаков поглед кон постоечката целина на знаењето?
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Дали современоста, гледана како антагонистички простор од повеќе делови од минатото, може да ни посочи нови вистини, како дел од политичката желба за иднината? И дали има некои други аспекти кои можат да се земат превид при разгледувањето на нивното денешно значење?
Еден од можните начини за критичко преиспитување на солидарноста и современоста е колекцијата и архивата т.е. нивната селекција, пристапот, начинот на изложување и претставување ја одредува и нивната идентитетска и идеолошка политика и позиција.
Во средината на постановката е и инсталацијата „Архиликс“ на архитектот и уметник Срѓан Јовановиќ Вајс, која е специјално создадена за оваа изложба.
Тој вели: „Тежнееме кон жалење или фалење кога нештата „ќе отидат во погрешна насока“ во институциите на културата, како протекувањето. Прашањето е: дали навистина работите одат во погрешен правец? Или дали протекувањето е дел од поголема потрага по праведност во современиот простор? Или, дали имаме некаква идеја за што навистина е тоа погрешно нешто? Овие прашања се важни за која било од институциите за современа уметност, како што се и институциите во Скопје. Она што „Архиликс“ го прави во најконтестираниот музеј во Скопје е обележување на протекувањата кои музејот ги имал, има, и ќе ги има. Ништо помалку и ништо повеќе.
„Архиликс“ е за вклучување на грешките во генералната наратива на општествениот простор“.
Во рамките на изложбата на 25 октомври (петок), во МСУ, со почеток во 19 часот предавање ќе одржи архитектот и уметник Срѓан Јовановиќ Вајс.
Вајс е архитект и урбанист кој живее и работи во Њујорк. Тој е моментално визитинг професор на Харвард Дипломската школа за дизајн и на Градскиот колеџ во Њујорк Спитцер школата за архитектура. Вајс е основач на Normal Architecture Office, NAO.NYC и бил главен на истражување кај Herzog & de Meuron Архитекти во Базел. Тој е коосновач на School of Missing Studies. Страста на Вајс е да работи со уметнички визионери како Јона Фридман, Ан Тунг, Џени Холцер и низа на современи уметници и куратори. Над сè, тој сака да се поврзува со луѓе од секојдневието, инсталери, градители и било кој друг/а во процесот на правење на нешта да се случат ин ситу. Вајс предавал и изложувал насекаде по светот.
Изложбата исто така одбележува и 55 години од формирањето на Музејот на современа уметност како музеј на солидарноста. А она што е важно во овој глобален капитализам, во контекстот на 21 век, е дека не само што заедништвото и грижата за заедничкото, надвор од флосулите, празните зборови и идеолошките непријатели, ни е дел од идентитетот, туку и единствена опција за иднината.
Изложбата е поддржана од Министерство за култура на Република Северна Македонија, Град Скопје и организацијата „Факултет за работи што не се учат (ФР~У)“.
Изложбата ќе биде отворена до 20 ноември.