Клиника за респираторни заболувања кај децата Козле / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Се огласи стручниот колегиум од болницата „Козле“: Нема пропусти во случајот со 14-месечното бебе, дадена е соодветна терапија

„Стручниот колегиум при ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата-Козле, одговорно тврди дека сите лекари кои биле инволвирани во лекувањето на детето ги презеле и реализирале сите расположливи и потребни прегледи и иследувања, дадена е соодветна терапија според медицинските протоколи, не е утврден пропуст во постапувањето и лекувањето на детето, во согласност со целокупната медицинска документација како доказ во клиниката“, се наведува во соопштението од болницата, од каде велат дека искрено жалат и изразуваат сочувство до семејството за загубата на нивното дете.

Детската Клиника-Козле, како и целата јавност, го очекува мислењето на етичката комисија на Лекарската комора на Македонија и потоа ќе преземе понатамошни соодветни чекори, додаваат од болницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот