Фото: МИА

Се крои новиот план за административците кои нема да добијат безбедносни сертификати во МВР, МНР и Финансиската полиција

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на административците кои нема да добијат безбедносни сертификати во МВР, МНР, Финансиската полиција или поради други причини не почнале со работа, со нов план ќе ги прераспредели во други институции, дознава Слободен печат.

Според планот, во институциите каде што нема простор, или пак административците немаат адекватно образование за работните места, ќе се најде посоодветна работа за нив.

Кај Народниот правобранител, постапката оди преку Собранието, поради што и целиот процес е подолготраен. Во инспекторатите, дел од службениците поминуваат низ шестмесечна обука, па испит. Ако положат, се унапредуват во инспектори, во спротивно работат како администрација.

Меѓу административците има сѐ уште од тие кои се на платен список, но не добиле работни задачи. Некои од нив одат на работа во институциите, иако сѐ уште формално не се во работен однос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот