
Се јави и Синдикатот на фудбалери: Ние не ја водиме лигата, наша грижа се фудбалерите
Синдикатот на фудбалерите на Макеоднија (СФМ) денеска реагира на прозивките од одредени домашни екипи за начинот како треба да се доагра сезоната во првата лига.
Препорачано
СФМ им возврати на клубовите дека тие не се надлежни за првата лига, а клубовите бараат реакција сега откако претходно не го поканија синдикатот да присуствува на состанокот на прволигашите со ФФМ.
Соопштението на Синдикатот на фудбалери на Македонија ви го пренесуваме во целост:
Со сета почит кон сите фудбалски клубови, фудбалски работници и сите засегнати страни во македонскиот фудбал ве замолуваме да не го прозивате СФМ за нешто што не е надлежен. СФМ ниту ја води Првата македонска лига ниту ја организира. Кога веќе не прозивате, требаше да барате и СФМ да присуствува на состанокот меѓу ФФМ и сите клубови од Прва македонска лига. Она што таму е договорено го знаете само тие што бевте таму присутни.
Во ниту еден момент не сакаме да си дозволиме да се мешаме во политиката на ФФМ и на сите мак-клубови. Наша грижа се фудбалерите, и се трудиме во оваа ситуација да помогнеме колку што можеме. Од наша страна се контактирани сите клубови од Прва македонска лига и понудена е помош во тестирањето на КОВИД 19. Сите играчи, комплет стручниот штаб и сите луѓе од управата и клубот кои имаат контакт со играчите ќе можат да се тестираат. Со напомена дека СФМ ги покрива финансиски сите тестови.
Организација на лигата и нејзино водење е под капата на ФФМ и клубовите. Доколку мислите дека имате потреба од наше мислење поканете не на состанок и ќе го изнесеме.
Ние ќе го почитуваме заедничкиот став на ФФМ и клубовите, но тој став да не биде по штета на здравјето на фудбалерите. Доколку ФФМ и клубовите мислат дека првенството треба да продолжи тогаш бараме максимални безбедни услови за сите учесници во тие натпревари.
Спортски поздрав,
Синдикат на фудбалери на Македонија-СФМ
Со сета почит кон сите фудбалски клубови,фудбалски работници и сите засегнати страни во Македонскиот фудбал ве…
Publiée par Синдикат на фудбалери на Македонија -Sindikat na fudbaleri na Makedonija sur Mardi 26 mai 2020