Фото: ТВ21/принтскрин

Се чувствува дека Ембла е среќна што се врати на училиште, вели нејзиниот татко

Илир Адеми, таткото на 11-годишна Ембла од Гостивар, во гостување на ТВ21 изјави дека неговата ќерка е видливо посреќна откако се врати во училишните клупи.

Ембла, која е девојче со посебни потреби, вчера предизвика големо внимание во јавноста, откако беше објавено дека родителите на нејзините соученици не ги пуштаат своите деца на училиште затоа што таа учи со нив.

Адеми вели дека и покрај тоа што Ембла не може тоа да го искаже, таа е видливо среќна од враќањето меѓу врсниците.

„Таа е посреќна. Чувствува дека се врати меѓу врсниците, иако не може да ја изрази радоста, ние као родители знаеме дека таа е среќна, затоа што е голема разликата од времето кога беше осамена. Ние како родители исто така сме среќни што оваа работа се заврши“, рече Илир Адеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот