
СДСМ за приклучувањето на Ралев во тимот на Орце Ѓорѓиевски: Oчигледно се ангажирал за личен бенефит
Мотивите за ангажман во политиката очигледно биле на ниво на личен пазар, е ставот на СДСМ во однос на приклучувањето на архитектот и професор Мишко Ралев во тимот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје, актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Препорачано
„Дилови со Орце Ѓорѓиевски, кој е клaсичен избор на партиската олигархија на ВМРО-ДПМНЕ ние нема зошто да толкуваме. Може само да констатираме дека за жал станува очигледно дека мотивите за неговиот ангажман во политиката биле на ниво на личен пазар“, велат од СДСМ.
Мишко Ралев беше еден од можните кандидати на СДСМ при изборот за кандидат за градоначалник на Град Скопје и високо котираше на внатрепартиските анкети, но сепак Социјалдемократите одлучија да трчаат со Каја Шукова за Скопје.
Ралев е декан на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје и поранешен претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Тој беше член на Извршниот одбор на СДСМ за време на лидерството на Димитар Ковачевски.
Мишко Ралев ја менува страната – архитектот се приклучува на тимот на Орце Ѓорѓиевски
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
5час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5