Почеток на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар / Фото: Фејсбук

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ става камен-темелник на проект што го нарекуваше „тежок криминал“

„Денешното ставање камен-темелник на делницата Тетово – Гостивар од Коридорот 8 уште еднаш ја разоткрива целата хипокризија, дволичност и лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ. Токму проектот со „Бехтел и Енка” што тие со месеци го оцрнуваа, го блокираа и го нарекуваа „историски криминал”, денес со гордост го промовираат. Ако е „историски криминал” дали тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ влегува во криминал?“, реагираат од СДСМ откако премиерот Христијан Мицкоски денеска го означи почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар.

„Едно е јасно, лицемерието на ДПМНЕ нема граници, но сепак добро е што продолжува реализацијата на стратешки проект на СДСМ. Подготвителните работи, вклучително геомеханички истражувања, проектирањето, усвојување на инфраструктурниот проект и обезбедување финансиски план за оваа делница од 17 километри, беа започнати токму во времето на претходната влада на СДСМ. Делницата е дел од вкупно 110 километри што ги опфаќа стратешкиот договор со Бехтел и Енка за кој ВМРО-ДПМНЕ велеше дека е криминален. Од пат со широчина од 17 метри, СДСМ ја предвиде и почна реализацијата на модерна автопатска делница широка 27 метри – вистински инфраструктурен напредок“, велат од партијата.

„СДСМ инвестираше, градеше, ВМРО-ДПМНЕ кочеше. Но, вистината секогаш излегува на виделина. По 10 месеци владата на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту еден свој инфраструктурен проект, единствено што прави е да ги доврши проектите на СДСМ“, додаваат од опозициската партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот