СДСМ / Кристина Костова

СДСМ: Папаја за Владата, трошки за народот

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, денеска изјави дека одлуката на Владата за покачување на минималната плата од 1.800 денари, е „срамна, понижувачка и крајно неодговорна“.

„Што да прават работниците со 1.800 денари во услови кога истата оваа Влада дозволи екстремно зголемување на цените на храната и на производите. Владата на ДПМНЕ очигледно нема допир со реалноста и покажува тотална негрижа за најважното, стандардот на граѓаните. Како пресметаа дека 1.800 денари им се доволни на работниците? Граѓаните секојдневно се борат да преживеат, со високи цени, високи сметки, а со мизерни плати“, рече Костова.

Таа додаде дека растот на трошоците за живот е сериозен притисок врз семејниот буџет и дека граѓаните едвај врзуваат крја со крај.

„Потрошувачката кошница во февруари 2025 достигна 63.773 денари. За над 100 евра е зголемена во споредба со лани. И со ова бедно зголемување, повторно две минимални плати не се доволни за да се покријат основните месечни трошоци на едно семејство. Додека граѓаните бираат дали да купат храна или да платат сметки, ДПМНЕ во историски најголемиот буџет не предвиде пари за работниците. Но затоа има пари за папаја, манго, лосос, за приватни авиони и непродуктивни трошења на владата и нејзините функционери. За работниците остави трошки и ги остави во сиромаштија. Граѓаните да живета на воздух, а Владата на манго и папаја. Срамота“, рече Костова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот