Мицкоски и Марта Кос, самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје/Фото: Драган Митрески-Слободен печат

СДСМ не смета дека еврокомесарката имала лоша намера со изјавата за идентитетот

Од СДСМ очекуваат еврокомесарката за проширување Марта Кос да го истакне она што ЕУ самата го има потврдено во сите документи и сите договори, а тоа е дека македонскиот јазик и идентитет се целосно признати од Унијата.

„Ова е неспорен факт, ние како граѓани на Македонија знаеме кои сме, што сме и од каде потекнуваме. Како јазикот, така и идентитетот се јасно потврдени во сите веќе потпишани договори со ЕУ. Не сметаме дека еврокомесарката имаша лоша намера, но апелираме кога се говори за чуствителни прашања и теми кои за жал непотребно се отвораат иако се јасно затворени, треба да се биде внимателен во изјавите“ соопштија од опозициската партија.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче по вчерашната средба со еврокомесарката Кос, повика на внатрешен консензус меѓу сите политички чинители во државата со цел да се дефинира начинот на кој ќе се соработува за земјава да го продолжи евроинтегративниот процес.

Филипче повика на внатрешен консензус: Не е време за калкулации, ни за ситнопратиски интереси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот