СДСМ партиска зграда/ Фото: "Слободен печат", Драган Митрески

СДСМ: „Горда Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ заврши со понижување на македонскиот јазик

СДСМ преку соопштение реагираше на однесувањето на вицепремиерот Арбен Фетаи, кој на прес-конференција одби да одговара на македонски јазик, образложувајќи дека „уште не бил спремен“.

„Тоа го кажа човек на висока функција во Владата на Мицкоски. А од ВМРО-ДПМНЕ и од премиерот молк. Нема реакција, нема извинување, нема барање за одговорност“, велат од партијата.

Од СДСМ прашуваат дали ова е сликата за „горда Македонија“ која ја најавуваше ВМРО-ДПМНЕ, и зошто функционери од албанскиот блок во Владата систематски избегнуваат да користат македонски јазик на јавни настапи.

„Во јуни имаше сличен случај. Тогаш Мицкоски изјави дека ако се повтори уште еднаш, ќе биде разрешен функционерот кој одби да зборува македонски. Ќе го разреши ли сега Фетаи?“, прашуваат од СДСМ.

Социјалдемократите потсетуваат дека Законот за употреба на македонскиот јазик од 2024 година предвидува казни од 1.500 до 3.000 евра за непочитување на употребата на македонскиот јазик, но дека државата сè уште нема формирано Инспекторат кој би ја спроведувал оваа одредба.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се колнеа во „патриотизам“ и „македонштина“, а денес молчат додека македонскиот јазик – темел на нашиот идентитет – е понижен во нивната Влада“, велат од СДСМ, додавајќи дека ќе продолжат гласно да се спротивставуваат на ваквото непочитување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот