СДСМ: Го осудуваме палењето на возилото на Чомбе – МВР да се фати за работа наместо да се занимава со милионски тендери

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин, палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски, соопшти партијата.

„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. МВР, наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери, нека земе конечно нешто да работи“, се вели во соопштението на СДСМ.

Бараме МВР, додаваат од партијата, и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат.

ВИДЕО | Експлозија и „пепел“ – запален автомобилот на Ѓорги Галетановски – Чомбе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот