СДСМ партиска зграда/ Фото: "Слободен печат", Драган Митрески

СДСМ: Филипче јасно кажа дека не поседува имот во ОАЕ, визата што ја поседува не е добиена на основ на инвестиции

ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции ниту имот во Обединетите Арапски Емирати. Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот, порачаа од СДСМ.

– ВМРО-ДПМНЕ наместо да лаже во континуитет и да се обидува да дефокусира, треба да почне да реализира нешто за граѓаните кои од оваа власт освен неспособност, лаги и напади на опозицијата ништо друго не виде веќе цела година – велат од партијата.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ го повика лидерот на СДСМ, Венко Филипче да каже со која болница преговарал за да добие златна виза.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза?

Од партијата велат дека таква виза може да се добие само преку инвестиции, а дека Филипче молчи за потеклото на златната виза за Дубаи.

– Филипче 3 месеци ја лаже македонската јавност. Прво велеше дека нема виза, па потоа призна дека има. Овие менувања на ставови на Филипче, не се нови. Лаги и менување на ставови на дневна основа, правеше неговиот ментор, Зоран Заев – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот