Фото: РФМ

Савевски: Улогата на аутсајдер може да ни помогне, нема од што да се плашиме

Денес женската репрезентација на Македонија ги започнува подготовките за Европското првенство на кое ние заедно со Словенија и Црна Гора ќе биде домаќини.

Настапот на Европското првенство го започнуваме против на Франција во 05.11 (сабота) во 18:00 часот, потоа во второ коло од групата играме против Холандија на 07.11 (понеделник) и против селекцијата на Романија во последното коло од групата на 09.11 (среда). Селекторот на Љубомир Савевски пред новинарите на собирот истакна дека Македонија нема од што да се плаши.

„Нашата група ја нарекоа група на смртта, има три светски репрезентации кои освојуваа светски и европски првенства. Нема што да жалиме, ждребот беше таков, па дури и да имавме полесна група ќе беше тешко. Европските првенства се потешки од светските, секогаш тука има силни селекции. Верувам дека етикетата аутсајдер може да ни помогне да се израдуваме на барем еден натпревар“.

Во подготвителниот период Македонија нема да игра пријателски натпревари.

„Нема да имаме пријателски натпревари, девет дена ќе бидеме тука и ќе имаме базични подготвки, а потоа два-три дена ќе се тестираме меѓу себе. Значи ќе имаме 12 дена до првиот натпревар, се надевам дека сите ракометарки се здрави и подготвени за предизвикот. Сакаме Македонија да покаже ново лице на Европско првенство, кажав и претходно, нема од што да се плашиме. Целта ќе биде да покажеме карактер и да покежеме дека сме на вистинскиот пат“, изјави Савевски.

Како што е познато поради повреда Савевски не може да смета капитенот Елена Ѓорѓиевска. На списокот ги немаше уште Теодора Дукоска и Марија Штериова.

ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот