Доналд Трам - Саут Парк - Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | „Саут Парк“ не се откажува: Погледнете со кого Доналд Трамп очекува дете во новата епизода

Создавачите на култната анимирана серија „Саут Парк“ Треј Паркер и Мет Стоун повторно кренаа прашина со продолжението на нивната сатирична пресметка со Доналд Трамп, а овој пат отидоа чекор понатаму. Откако го прикажаа поранешниот американски претседател во романтична врска со Сатаната, сега открија дека двојката очекува дете, објавува „Н1“.

Почеток на бизарна романса

Сè започна во 27-та сезона од серијата, каде што 79-годишниот Трамп беше прикажан со мал полов орган, а неговото вистинско лице беше монтирано. Во епизодата што ја разбранува американската јавност, Трамп му се додворува на сатаната, кој во еден момент му вели: „Не сум расположен во моментов …“.

Најновата епизода добива изненадувачки пресврт. Обраќајќи се кон публиката, сатаната објавува:

„Сите сакате да ја знаете вистината, во ред. Заедно сме. Заедно сме со месеци и сакам да го оставам, но не можам затоа што … бремена сум. Па сега сите знаете, принудена сум да останам во оваа ситуација уште неколку години“.

Овој сатиричен приказ е само продолжение на долготраен конфликт меѓу креаторите на „Саут Парк“ и администрацијата на Трамп. Портпаролот на Трамп, Тејлор Роџерс, претходно рече:

„Лицемерието на левицата е навистина бесконечно – тие го напаѓаат „Саут Парк“ со години за она што го нарекуваат „навредлива“ содржина, но одеднаш ја фалат серијата. Оваа серија е безначајна повеќе од 20 години и се држи за конец со неинспиративни идеи во очаен обид да привлече внимание.“

Во меѓувреме, ко-креаторот на серијата, Треј Паркер, саркастично му „се извини“ на Трамп. Гледајќи сериозно во камерата, тој едноставно рече: „Ужасно ни е жал.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот