Сашо Алфа и Омега

Во средата, веднаш по драмата во Мелбурн, во која Тим го победи Надал, седнав да видам како му успеало на Сашота да биде одличен и, во смрдливата констелација на „Алфа“, да испадне Ив Сен Лоран, добро, во малку подебело издание, но Ив, јеботе бог, Ивче, по наше. Сен Лоран. И, што да ви кажам!? Орданоски беше брилијантен.

Зелен чај, брокули, куркума во комбинација со црн пипер, печен лук со маслинов зејтин и слични вниманија во исхраната, плус воздржувањето од прекумерен секс и алкохол на возраст над 70 години, можат да ве спасат ако сте дисциплинирани и не ги гледате телевизиските срања во Македонија: од контактните булимии на нацијата, до дебатните и сите други празнења.

Бљак!

Извини, Гордан.

Тоа е моето искуство.

Вести!?

Никако!

Собраниски анал!?

Ни за жива глава.

Отров или вмро?

Отров!

Зошто?

Подобро мртов глушец, отколку жив идиот.

Или така некако.

Телевизиите се платформа на која се репродуцира политиката како топ-шоп производ кој со гаранција го убива здравиот разум без остаток. И тоа не е сè. Ако во првите три секунди во нивните програми го загубите здравиот разум, бесплатно ќе добиете и програмче за губење и на нездравиот разум.

Ќе ви го пуштат Сотир Костов, Христијан Мицкоски, Влатко Ѓорчев, Антонијо Милошоски и вие сте готов.

Брзо, ефикасно, безболно.

Полесно ќе ви го сменат мозокот во вмро, отколку диоптријата во „Свети вид“.

Или срцето кај Жан Митрев.

Јас знам дека со тоа пропуштам да погледам и некои работи што се професионално одработени, но никогаш не е доцна да се навратите на таков производ ако имате пријатели кои, ризикувајќи го својот живот, гледаат сè, па дури и емисии кои заслужуваат внимание и сугестија да се погледаат.

Сашо ги растопи како што пороен дожд ја смачкува шминката на вморонската госпоѓа на злото

И така, драги мои, кај такво радиоактивно скотче на една телевизија, пред десетина дена го одгледав рекетирањето и ракетирањето на нацијата со антраксните бомби на умисленоста, глупоста и злобата, без какви било кочници и грижи, на Кикифрики, познат како Езоп, а во средата, веднаш по драмата во Мелбурн, во која Тим го победи Надал, седнав да видам како му успеало на Сашота да биде одличен и, во смрдливата констелација на „Алфа“, да испадне Ив Сен Лоран, добро, во малку подебело издание, но Ив, јеботе бог, Ивче, по наше.

Сен Лоран.

И, што да ви кажам!?

Орданоски беше брилијантен.

Разумен, шармантен, релаксиран, информиран, добронамерен, критичен, интелектуален, со стрелки што ги маваше во меритумот на „стварите“, во пикабото на ситуацијата, а не во очите на луѓето.

Но, не е тоа што ми остави најсилен впечаток.

Сашо, всушност, беше нормален.

Ништо посебно.

Ако се разбираме.

Но, неговиот настап ме шокира со моќта во шитот што седеше спроти него да го прорти првиот зрак на свеста дека смрди.

И дека нешто не е в ред.

Со него.

Мислам, со шитот.

Тоа е најголемо достигнување во историјата на медиумската сцена во Северна Македонија.

Сашо успеа еден темелно испран, коматизиран мозок, жртва на високите програми во машината за производство на национални кретени, мртов блок, зомбиран агресивец, скот во просветителска мисија, спасувач на македонските бродоломци од позиција на дното, да го подразбуди, да го натера да трепне со очичките и да види дека целата емисија, сосе него, и тој самиот, се разглобени на најситни елементи и дека идејата и концептот, гостинот им ја шутнал во општествената канализација.

Дека сиот негов свет е отиден у курац!

Неповратно.

Целата злосторничка шема, импрегнирана во „Рекет“ и милион афери, во груевизмот, во разбирањето на националното прашање, во Преспа, во името, во НАТО и во Европската Унија, во геополитиката, Сашо ги растопи како што пороен дожд ја смачкува шминката на вморонската госпоѓа на злото.

Притоа беше и фин.

Говното се исуши и пред да престане да смрди, стигна да постави уште две имбецилни дилеми: дали не ни го начукаа во Њивице, господине Сашо, дали ако не ги полиеме со солна киселина обвинетите во „Рекет“ нас ќе нè биде…!? И за „огромните“ 36.000 евра што годишно се слевале во телевизијата на Боки и на Сашо.

Знаете ли во што е тука коперниканскиот пресврт!?

Пресвртот е во тоа што мислата која беше протерана од јавниот простор за сметка на општественоста, за сметка на бескрајните прикаски, на кретенизирачката музика како некаков фон, на автоматизираните фрази, гестови, мимики, на светот собран во невидена баналност, се врати на сцената, притоа, без напор, толку лефтерно што нормалниот човек мора да се праша, па кај беше досега таа обична мисла, односно, како се случи Македонецот да си го исере мозокот и да се претвори во џубокс кој постојано свири две песни. Гомбрович тоа многу добро го објаснува.

Јас бев против претставниците на нормална Македонија да гостуваат на телевизиите на лудаците, ако не се спремни за радикална конфронтација со злото, да им го начукаат микрофонот в уста или да ги полеат со полирапид. Но, сега гледам дека е можен и поинаков пристап. Дека е можно на говното да му кажеш дека смрди и без да го наречеш говно. На политбирото на СДСМ им советувам да го гледаат интервјуто секое утро пред да излезат да ја усреќуваат Македонија, а особено ако решат да одат на некое телевизиско соочување, Боже како тоа грозно звучи.

Сакам да кажам дека за решавање на прашањето на големото зло што се вика вмро не е потребен космички разум. Потребно е само поинакво разбирање на односите. Потребно е да сме нормални, а не прилагодени на ненормалноста.

Може ли глупоста да се протера со упорна работа на разумот!?

Таа можност ја движеше цивилизацијата во последните два-три и повеќе векови. И денес, а ако ги читаме Милош, Бжозовски или Гомбрович, и ако сме доволно нормални, ќе видиме дека разумот ја протерува класичната глупост, но донесува своја, разумна глупост или глупост на разумот. Развојот на техниката и технологијата ја развиваат глупоста. Не ја убиваат. Уште повеќе, таа технологија и овозможува на глупоста да се организира и политички да се артикулира. Глупоста каква што е собраниската расправа за законот за Јавното обвинителство се јавува како рационална категорија кај злосторниците на кои демократијата им дала можност да се легитимираат и да го напаѓаат не само тронот на општото добро, туку и општото добро како такво.

Сите ќе завршите в затвор

Но, ќе дојде времето, бргу ќе дојде, до точката кога тоа ќе го разбереме како тешко кривично дело, а не слобода на политичкиот избор.

Сите ќе завршите в затвор.

Пичка ви лепа материна злосторничка.

Четири години подоцна, но ќе завршите.

Подобро така отколку, како што би рекла, Весна, со цевка на главата.

Никаква процедура нема да ве спаси.

Во таква ситуација неколку работи треба да се избегнуваат: да се потонува во депресија, безизлез и очајување, во огорчување, во производство на дневни сензации, во следење на дневните сензации кои произведуваат, имено, депресија и хаос и преку тие категории водат до апсолутна контрола на лудаците, второ, разумно е, а не како израз на беспомошноста, да се откажеме од идеите за волшебни, еднократни решенија, пучистички, револуционерни итн., трето, да се потрудиме да се дефинираме реално, затоа што сегашната дефиниција ни е погрешна и четврто, да ја олабавиме амбицијата да нудиме решенија за сметка на амбицијата да ја дефинираме ситуацијата. Кога ќе успееме да ја дефинираме ситуацијата, ќе дојдеме и до решенијата.

Не постои врата на слободата.

Постои ширење на хоризонтите во кои таа е можна.

Не ни е потребен никаков подвиг. Да се цитирам по стоти пат. Доволно е да бидеме нормални. Да, но тоа е најголем подвиг.

За говната говорам како за феномени.

И за личности што ги персонифицираат, но, пред сè, за феномени.

Тоа е.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот