Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Саша Дончиќ: Дражен е Дражен, Лука не може да се споредува со него

Саша Дончиќ, таткото на Лука Дончиќ смета дека неговиот син е далеку од нивото со кое некогаш играше легендарниот Дражен Петровиќ.

Иако Дончиќ со 26 години е еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Саша смета дека ќе мора да помине многу време за Лука да може да се споредува со славниот хрватски кошаркар.

„Дражен, сепак е Дражен. Тој е легенда, Лука е далеку од него, но мислам дека е на добар пат. Не би ги споредувал, секој во своето време е помѓу најдобрите. Мене ми е мило што некој од Европа покажува дека кај нас и сега се игра добра кошарка“, изјави таткото на словенечкиот кошаркар за „ХРТ“.

Дончиќ како е што е познато во голема размена на Далас и Лејкерс заврши во Лос Анџелес каде што во тандем со Леброн му оди одлично и носат победи на својот тим.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот