Фото: Промо

„Санте Плус“ – лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Што е ПАП-тест и зошто треба редовно да се прави

Правете навремени и континуирани гинеколошки прегледи зашто здравјето не може да чека.

ПАП-тест претставува скрининг-метода (едноставна, апликативна, евтина и релативно егзактна метода) во следењето на огромен број пациентки со цел навреме да се детектираат раните стадиуми на промените на грлото на матката.

Ова е особено значајно кога се знае дека карциномот на грлото на матката е на второ место, веднаш по карциномот на дојка кај женската популација.

Фото: Промо

Раната дијагноза на промените во одредени стадиуми овозможува 100% излекување.

Тоа е еден од ретките карциноми кај кои успешноста од лекувањето е со толку висок процент.

Од друга страна, застрашувачки е фактот што старосната граница на појава на промените на грлото на матката е поместена, за жал, на многу помала возраст. Затоа, редовни контроли и прегледи кај вашиот гинеколог се задолжителни.

Фото: Промо

Во болницата „Санте плус“ може да ги добиете и останатите услуги:

– Колпоскопија, ХПВ тестирање,

– Ултрасонографија,
– 3- 4Д Доплер,

– Совети за контрацепција,

– Хормонска заместителна терапија;

– Дијагностички процедури и/или третман на абнормални резултати од ПАП-тест, сексуално преносливи болести; бенигни и малигни заболувања на гениталниот тракт;

– Биоптични процедури;

– Дијагностичка и интервентна хистероскопија;

– Третман на сите гинеколошки заболувања;

– Второ мислење со експерти од „Санте плус“ Истанбул.

Закажете гинеколошки преглед и направете ПАП-тест.

Закажете го вашиот термин во „Санте Плус 3“ или информирајте се на тел. +389 70299010

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот