Фото: FIBA

Само Вучевиќ не беше доволен, Велика Британија ја шокираше Црна Гора и ја елиминираше од Евробаскетот

Кошаркарската репрезентација на Црна Гора ги заврши настапите на Евробаскетот веќе по групната фаза, откако во решавачкиот натпревар од групата „Б“ неочекувано загуби од Велика Британија со 89-83.

Иако во последното коло влегоа со јасна предност и сè им беше во свои раце, црногорските кошаркари разочараа токму кога најмногу се очекуваше од нив. Наместо борба за повисок пласман, следуваше рано пакување куферите и заминување дома.

Британците, кои досега немаа забележано ниту една победа, одиграа без притисок, но со голема желба и концентрација, особено во клучните моменти. Сето тоа резултираше со победа која не само што ја исфрли Црна Гора од понатамошната фаза, туку и ја отвори вратата на Шведска, која благодарение на подобриот меѓусебен скор, патува во елиминациите.

Никола Вучевиќ блескаше со 31 поен и 11 скока, но неговиот индивидуален настап остана во сенка на колективниот неуспех. Кај Велика Британија најрасположен за игра беше Хесон, кој запиша 25 поени и ја предводеше својата селекција до првата и голема победа на турнирот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!