Фото: Принтскрин

Само во Северна Кореја: Поштенски марки со заеднички слики од Трамп и Ким (ВИДЕО)

Во Северн Кореја се издаваат поштенски марки на кои се претседатевни американскиот лидер Доналд Трамп, заедно со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун.

Според медиумите, на овој начин земјата сака да ја прослави годишнината од состанокот на двајцата лидери.

Поштенските марки беа издадени на 12 јуни, на годишнина од нивната прва средба во Сингапур.

Тие вклучуваат фотографии од ракувањето на Ким и Трамп, потпишување на договорот и целосен текст на изјавите, пренесуваат медиумите.

На крајот на јуни, еден месец по последната средба на двајцата лидери во демилитаризирана зона, беа издадени марките со кои се прославува средбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот