Пожар во Скопско / илустрација / Фото: Читател на Слободен печат

Само еден „хермелин“ вчера помогна во гаснењето на пожарите во Чучер Сандево, вели градоначалникот Комненовиќ

Општината Чучер Сандево вчера прогласи вонредна состојба поради активните пожари на нејзиното подрачје. Ова вчеравечер го објави градоначалникот Сашко Комненовиќ во видеообраќање на социјалните мрежи, а одлуката, како што рече Комненовиќ, е донесена затоа што состојбата со пожарите и натаму е вон контрола, сериозна и загрижувачка и додаде дека во гаснењето на пожарите на испомош дошло само едно од новите специјализирани возила за гаснење пожар „хермелин“.

„Хермелин“ оклопните армиски возила се пренаменуваат во противпожарни – ФОТО – Фејсбук страна Македонија

„Ситуацијата е сериозна и бара вклучување на сите расположливи ресурси. Пожарот зафати густа нискостеблеста и мешана шума на многу непристапен терен, а силниот ветер дополнително го отежна неговото гаснење“, вели градоначалникот.

ВИДЕО/ФОТО: Пожарот во Скопско се шири на повеќе локации, жителите ги бранат црквите

Според него, била забележана бавна реакција на надлежните институции за справување и за гасење на пожарот.

„Во вакви моменти секоја минута е важна и пресудна. Мојата цел не е да критикувам, туку да алармирам. Вчера Владата презентираше некаква подготвеност за справување со пожари со „хермелините“. Зошто досега не се употребени? Јас на подрачјето на Чучер Сандево забележав само еден „хермелин“. Од вчера до сега се уште да не може да се стави под контрола пожарот кај Блаце и Чучер Сандево. Активни се на три потега“, додаде Комненовиќ.

Од Центарот за управување со кризи утрово информираа дека во моментов на територија на Македонија се активни седум пожари.

ВИДЕО: Драматична состојба во Скопско – 200 волонтери со лопати сами го спасуваат Глуво

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот