Фото: youtube/printscreen

Сака да биде само пратеничка: Косовската министерка за финансии Хикмете Бајрами поднесе оставка

Косовската министерка за финансии Хикмете Бајрами поднесе оставка на функцијата и на нејзино место е именуван досегашниот заменик министер Агим Красниќи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во одлуката потпишана од премиерот Авдулах Хоти се наведува дека Бајрами е разрешена на нејзино барање. Бајрами во писмото до Хоти наведува дека во иднина ќе се ангажира како пратеничка во Собранието на Косово.

– Барам од вас да ме ослободите од должноста министер за финансии. Ја напуштам министерската позиција поради лични причини и ќе се ангажирам на позицијата пратеник во републичкото Собрание по сертификацијата на резултатите, се вели во писмото на Бајрами кое го објави порталот „Газета експрес”.

Владата на Авдулах Хоти ќе раководи со земјата до формирање на новата влада на чие чело се очекува да биде Албин Курти, лидер на Движењето Самоопределување (ВВ), по убедливата победа на вонредните парламентарни избори на 14 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот