Фото: „Сајнолоџи“

„Сајнолоџи“ организира саем во Скопје: Експерти ќе зборуваат за најновите решенија во сајбер безбедноста

Еден од водечките светски брендови во својата класа, „Сајнолоџи“ (Synology), во соработка со „A&S Adria Security Summit“, организира голем саем во Скопје посветен на најновите ИТ решенија во областа на сајбер безбедноста и системите за видео надзор.

Настанот ќе се одржи на 8 и 9 октомври во хотел „Александар Палас“, каде што на едно место ќе се соберат врвни експерти и компании од оваа индустрија.

„Сајнолоџи“ (www.synology.com) во оваа прилика ќе ги претстави своите решенија за заштита и за управување со податоци, системи за виртуелизација на сервери како и систем за видео надзор базиран на ИП камери, велат од компанијата.

На штандот на „Сајнолоџи“ (број.72) ќе биде присутен и официјалниот дистрибутер за Македонија, „ЈВСНет“ (www.jvsnet.com.mk), со што посетителите ќе имаат дополнителна можност да се запознаат со хардверските и софтверските решенија, технички можности, начини на имплементација како и поддршка. Притоа, компаниите ќе имаат можност и за проширување на соработката на локалниот пазар.

„Сајнолоџи“ ги повикува сите заинтересирани компании, кои имаат интерес за овие области, да го посетат саемот и да се уверат во огромните можности кои ги нуди брендот, а експертскиот тим на компанијата ќе биде на располагање и ќе пружа секаков вид на потребни информации, поврзани со решенијата на „Сајнолоџи“.

Од компанијата велат дека се тука за насоки и за совети поврзани за понатамошна соработка на секакво ниво.

Повеќе детали за настанот на официјалната страна нa организаторот: www.adriasecuritysummit.com.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот