Сајкоски вели дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ речиси ги реализирале сите предизборни ветувања

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, вечерва се осврна на сите моменти кои што, како што рече тој, ја прават партијата посилна.

Сајкоски вели дека секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција, партијата е под „страшен прогон од власта“.

„Во овие 30 години ВМРО-ДПМНЕ кога е во опозиција е под страшен напад на власта. СДСМ како власт направи еден невиден прогон дотогаш, имаше судски измислени случаи. Имаше напад врз наши високи функционери, имаше покани за обвинителство или тогашното СЈО, на преку 5-6 илјади луѓе. Луѓето навистина беа обесхрабрени и делумно уплашени. Тешко ни приоѓаа. Требаше да се направи голем исчекор за да може да се врати довербата. Првиот исчекор беше направен во 2020 година, навистина освоивме голем број на пратеници“, нагласи Сајкоски.

Сајкоски ја пофали работата на градоначалниците од неговата партија и наведе дека тие „скоро ја имаат исполнето нивната предизборна програма, иако скоро три години немале никаква поддршка од централната власт“.

„Тие успеаја да реализираат огромен број на проекти. Со скромни средства, со уништени буџети, реализираа огромни проекти. Можам да констатирам, од она што разговарав со нив, дека голем дел на градоначалниците ја имаат веќе реализирано програмата што ја ветиле пред граѓаните. Имаат реализирано и дополнителни проекти кои што не ги ветиле пред граѓаните, но до локалните избори, градоначалниците ќе си ја реализираат комплетно програмата и она што го ветиле. Што е голема работа да ветиш пред граѓаните и се што си ветил да го исполниш“, рече Сајкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот