Сајкоски: По примерот на Крушевскиот манифест повикувам на единство на сите граѓани за да ставиме крај на неправдите, криминалот, корупцијата

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5 го честиташе празникот Рамазан Бајрам, на сите граѓани од муслиманска вероисповед да им посакам добро здравје, среќа, благосостојба во нивните и на сите домови.

Сакам од Крушево, тука, да порачам дека Крушево е еден од нај запоставените градови во Македонија. Централната власт воопшто не води сметка за Крушево, пристапните патишта до Крушево се катастрофални. Патот Демир Хисар – Крушево е во очајна состојба, туризмот е на најниски гранки го сега. Локалната самоуправа не вложува ништо во Крушево, ниту централната, ниту локалната власт. Крушево е заборавено од властите. Затоа, сакам да се повикам на Манифестот од Крушевската Република и на некои постулати од него, да повикам на единство на граѓаните тука во Крушево и во цела Македонија. Да ставиме крај на неправдите, крај на криминалот, крај на корупцијата, крај на задолжувањата кои што ги прави оваа власт.Да се обединиме во насока да донесеме подобар живот, подобри услови во здравството, подобро образование и подобро да живееме сите во нашата Македонија, рече тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот