Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

САД: Жител на Флорида ги убил и ги изел сопствените пауни за инает на сосетката
61-годишен жител на грарчето Хадсон во американската држава Флорида е обвинет за суровост кон животните, откако ги убил, зготвил и изел своите два пауна поради расправија со сосетка на која ѝ забранил да ги храни, а таа продолжила, соопшти денес канцеларијата на шерифот на округот Паско, според „Гардијан“.
Препорачано
Тој бил уапсен минатата недела под обвинение за тешка суровост кон животни од трет степен, пишува во соопштението.
Според изјавата на уапсениот пред истражителите, тој ги убил двата пауна затоа што неговата сосетка продолжила да ги храни, иако ѝ напишал писмо во кое ѝ кажува дека ќе продолжи да ги убива своите домашни животни ако таа продолжи да ги храни, „за да докаже поента“.
Осомничениот признал дека ги убил птиците така што „за инает им го пресекол вратот“ и дека „подоцна ги изел откако ги испржил во тава“.
Во соопштението од канцеларијата на шерифот, исто така, се наведува дека човекот рекол за време на апсењето дека ќе ги убие сите преостанати пауни што му се дома по неговото ослободување, за да спречи да бидат грабнати.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
1час
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5