САД воведоа санкции за две кинески компании поради нелегален увоз на иранска нафта

Американскиот Стејт департмент денес соопшти дека воведува санкции против две кинески компании кои управуваат со терминал и складиште за сурова нафта и нафтени производи, а кои, според Вашингтон, овозможиле нелегален увоз на милиони барели иранска нафта преку танкери регистрирани во САД.

Ова е четврта рунда санкции насочени кон кинески оператори на терминали, за кои американските власти тврдат дека играат клучна улога во мрежата на Иран за трговија со сурова нафта, што, како што наведуваат, го финансира иранскиот тероризам и придонесува за дестабилизација на регионот.

„Со овој потег ги потиснуваме приходите што иранскиот режим ги користи за дестабилизирачки активности, вклучително и поддршка на тероризмот во странство и угнетување на сопствениот народ“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот