Фото ЕПА

САД со резолуција повикаат на итно ослободување на новинарот Гершкович, а во Москва задржан уште еден Американец

Претседателот на Комисијата за надворешна политика при Претставничкиот дом, Мајкл Мекол, денеска подржа резолуција со која се повикува на итно ослободување на Иван Гершкович, американски државјанин и новинар кој годинава во март беше незаконски задржан од властите на Русија. Во меѓувреме во Москва задржан е уште еден американски државјанин.

За Гершкович, Мекол изјави дека тој „едноставно ја извршуваше својата работа, известуваше новини во Русија“.

-Владимир Путин знае дека слободата на печатот е темел на демократијата… Затоа тој го уапси Иван со цел не само да го замолчи но да ги заплаши и останатите новинари за и тие да молчат.

Следната резолуција што ќе биде разгледувана од Претставничкиот дом е за Пол Вилан, поранешен американски маринец кој беше уапсен во Русија во декември 2018 година, по што беше обвинет за шпионажа и осуден на 16 години затвор.

Мекол изјави дека Стејт департментот собира информации за апсењето на уште еден американски државјанин минатата недела во Москва.

Според руските медиуми се работи за рок музичарот Мајкл Тревис Лик кој пред 6 јуни бил задржан од полицијата во неговиот московски стан поради наводна продажба на наркотичко средство. Стејт департментот во саботата изјави дека знае за задржувањето.

Според медиумите Мајкл Лик е на возраст од 51 година, живеел во Русија 10 години. Бил поранешен падобранец а сегашен фронтмен на руската група „Лови ноч“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот