
САД со нови санкции за Хутите
САД денеска воведоа нови санкции за јеменските бунтовници Хути, што според администрацијата на претседателот Доналд Трамп, е најголема таква акција на Вашингтон насочена кон милитантната група поврзана со Иран.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Американското Министерство за финансии соопшти дека воведува санкции против 32 поединци и ентитети, како и кон четири пловни објекти.
САД воведоа санкции и за неколку компании со седиште во Кина поради што помогнале во транспортот на воени компоненти за Хутите. Санкции се воведени и за шверцерите на нафта и бродски компании поврзани со Хутите.
Јеменските бунтовници контролираат големи делови од земјата, вклучително и Сана, каде што Хутите ги воспоставија своите политички институции. Меѓународно признатите јеменски власти се протерани од Сана во Аден.
Од октомври 2023 година, кога почна во Појасот Газа Хутите лансираат ракети и дронови кон цели во Израел и нападнаа повеќе од 100 бродови во Црвено и Арапско Море, теснецот Баб-ел-Мандеб и Аденски Залив, во знак на поддршка со Палестинците. Како одговор на нападите, Израел постојано напаѓа цели во областите на Јемен контролирани од Хутите. Јеменските бунтовници контролираат големи делови од земјата, вклучително и Сана, каде што Хутите ги воспоставија своите политички институции. Меѓународно признатите јеменски власти се протерани од Сана во Аден.
Од октомври 2023 година, кога почна во Појасот Газа Хутите лансираат ракети и дронови кон цели во Израел и нападнаа повеќе од 100 бродови во Црвено и Арапско Море, теснецот Баб-ел-Мандеб и Аденски Залив, во знак на поддршка со Палестинците. Како одговор на нападите, Израел постојано напаѓа цели во областите на Јемен контролирани од Хутите.