борбени авиони Ф 16 фото МИА

САД разгледуваат опции за заштита на украинското небо

САД во моментов ја испитуваат содржината на своите магацини и ги анализираат своите можности за да утврдат што можат да користат за заштита на украинското небо, изјави украинскиот министер за одбрана Денис Шмихаљ.

Тој изјави дека повторно ги побарал 10-те батерии „Патриот“ што ги ветија САД.

„Министерот за одбрана на САД Пит) Хегсет повторно го слушна ова барање на Украина. Знаеме дека САД сега ги разгледуваат своите магацини, ги проучуваат своите опции, кои се опциите за заштита на украинското небо и нашите градови, нашите луѓе од рускиот воздушен терор“, рече Шмихаљ.

Тој потсети дека системите „Патриот“ се користат за одбрана од балистички ракети, додека другите системи за воздушна одбрана се користат против крстосувачки ракети, пренесува Укринформ.

„Сите ужасни докази за терористичките напади на Русија влијаат врз нашите партнери, кои сфаќаат дека е потребно да се поддржи Украина – и „Патриот“, и други системи за воздушна одбрана, беспилотни летала, како и нови средства, вклучително и средства за радио-електронско војување (РЕБ)“, додаде Шмихаљ.
Тој нагласи дека за време на состанокот во формат „Рамштајн“, изразил благодарност до Германија и министерот за одбрана Борис Писториус за испораката на четири лансирни единици „Патриот“.

Според него, ова се делови од двата система што Украина ги очекува во блиска иднина.

„Се договоривме за конкретни датуми на испорака. Овие системи ќе пристигнат во Украина, ќе влезат во борбена должност и ќе ја заштитат нашата цивилна инфраструктура, нашите деца, нашиот народ… Силна армија, моќен систем за воздушна одбрана, нашите иновации и поддршката од нашите партнери – ова се клучни фактори за обезбедување мирен живот покрај толку агресивен сосед“, рече Шмихаљ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот