Борбени авиони фото МИА

САД распоредија четири борбени авиони во Алјаска за пресретнување руски летала

САД распоредија четири борбени авиони Ф-16, еден извидувачки авион и четири танкери за да пресретнат руски бомбардери и борбени авиони што влегоа во Зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска, соопшти Северноамериканската команда за воздушна одбрана.

Распоредувањето на авионот доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека НАТО треба да собори секој руски авион што ќе го наруши воздушниот простор на алијансата, објави денес Си-би-ес.

Во соопштението, Северноамериканската команда за воздушна одбрана соопшти дека руските авиони останале во меѓународниот воздушен простор во близина на Алјаска најмалку девет пати оваа година и дека овие видови летови се случуваат редовно и не се сметаат за закана.

Рускиот авион последен пат летал во Зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска на 26 август, кога извидувачки авион бил идентификуван во близина на Алеутските Острови.

Зоната за идентификација на воздушната одбрана започнува таму каде што завршува суверениот воздушен простор на САД и тоа е зоната во која од пилотите се бара да се идентификуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот