Борбен авион / Фото: EPA/Valda Kalnina

САД распоредија 10 борбени авиони Ф-35 на аеродромот во Порторико

Соединетите Американски Држави наредија распоредување на 10 борбени авиони Ф-35 на аеродромот во Порторико за спроведување операции против нарко-картелите, објавија денес два извори запознаени со ова прашање.

Напредните борбени авиони ќе го надополнат веќе силното американско воено присуство во јужниот дел на Карибите, додека американскиот претседател Доналд Трамп води кампања со ветување за сузбивање на групите што ги обвинува за шверц на дрога во САД, наведува Ројтерс.

Наредбата дојде три дена откако американските сили нападнаа брод за кој Трамп рече дека превезувал огромни количини дрога од Венецуела, при што загинаа 11 лица.

Нападот се чинеше како вовед во продолжена воена кампања во Латинска Америка, истакнува Ројтерс.

Изворите, кои зборуваа под услов на анонимност, рекоа дека 10 борбени авиони се испраќаат за спроведување операции против назначени нарко-терористички организации што дејствуваат во јужниот дел на Карибите.

Според нив, авионите треба да пристигнат до крајот на следната недела.

Во последните недели, САД распоредија воени бродови во јужниот дел на Карибите, со цел да се спроведе акцијата на Трамп против трговијата со дрога во САД, наведува агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот