
Психички растроен патник предизвика паника во авион во САД: Мојот лаптоп е бомба
Паника беше предизвикана доцна попладнето во недела на преполн лет од Флорида до Вирџинија, САД, кога еден патник тврдел дека носи бомба со себе.
Препорачано
Таџ Малик Тејлор, 27 – психијатриски пациент кој неодамна беше отпуштен од клиниката каде што се лекуваше – ширеше терор на летот 1023 на „Алеџиант ер“ со 177 патници и шест члена на екипажот, кажувајќи му на патникот до него дека лаптопот што го носи е бомба.
Според канцеларијата на шерифот на округот Пинела, помалку од еден час по полетувањето на летот, Тејлор наводно му рекол на својот сопатник: „Имам бомба“, најмалку двапати.
Passenger allegedly makes bomb threats on packed flight midair, forcing emergency landing: ‘My laptop is a bomb’ https://t.co/n2a7umHr9h pic.twitter.com/WSHgG3v3c7
— New York Post (@nypost) July 8, 2025
Кога патникот до него го прашал што мисли, Тејлор наводно му го покажал својот лаптоп и изјавил: „Мојот лаптоп е бомба“.
Сопатникот веднаш ги информирал стјуардесите за заканите на Тејлор, што резултирало со тоа што пилотот го свртел авионот и направил итно слетување на аеродромот „Сент Пит-Клирвотер“.
Полицијата се качила во авионот, го уапсила 27-годишникот и го претресла неговиот багаж.
‘My laptop is a bomb’: Passenger tells others, forces emergency landing https://t.co/peyIlCrbyA
— USA TODAY (@USATODAY) July 8, 2025
Тејлор – поранешна ѕвезда на средношколскиот фудбал во Ларго, Флорида, и ветеран од американските воздухопловни сили – беше обвинет за кривични дела за закана од прв степен и лажно информирање и беше условно ослободен.
Доколку биде осуден за лажна закана со бомба, тој се соочува со парична казна до 25.000 долари, затворска казна до пет години или и двете.
27-годишникот не призна дека зборувал за бомба, но рече дека жената што седела до него на летот „била груба кон него“. Тој, исто така, им рекол на полицајците дека неодамна бил отпуштен од психијатриска клиника и дека ги земал лековите претходната вечер бидејќи страда од „недостаток на јасност“.
ФБИ сега ја води истрагата, според канцеларијата на шерифот.