Фото: НАСА

САД, ОАЕ и Кина испратија свои летала на Марс, но зошто ја нема Русија?

Обединетите Арапски Емирати и Кина во растојание од само 24 часа, се придружија на мал број на земји чии летала стигнале до Марс, а синоќа тоа го направи и американската НАСА. Претходно членови на овој „клуб“ беа само Русија, односно Советскиот Сојуз, Европската вселенска агенција и Индија.

Три држави, Обединетите Арапски Емирати, Кина и САД во јуни ги започнаа своите мисии и своите вселенски летала ги испратија кон црвената планета.

„Амал“, леталото на ОАЕ, во орбитата на Марс влезе на 9 февруари. Тоа беше дочекано со големо воодушевување од целиот арапски свет.

Престојот во орбитата ќе биде искористен за проучување на атмосферата на таа планета. Сондата со три инструменти ќе набљудува како неутралните атоми на водород и кислород, кои го претстауваат остатокот на вода на оваа планета, истекуваат во вселената.

Само еден ден подоцна, на 10 февруари во орбитата пристигна и кинеската сонда. Првата која Кина ја лансираше за истражување во длабоката вселена.

Кинескиот „Тианвен-1“ нема да се задржи само во орбитата. За неколку месеци ќе се обиде да слетана површината на планетата. Со помош на роверот, возилото за извидување и собирање, ќе се обиде да дојде до примероци од површината на земјата.

Ако спуштањето на леталото биде успешно, Кина ќе биде единствена земја покрај Америка, која спуштила роботно возило на друг свет.

Потсетуваме, вчера после седум месеци патување низ вселената и милијарди долари вложени, роверот на НАСА слета на површината на Марс со задача да утврди дали во минатото постоел живот надвор од Земјата.

Русија исто така имаше план да започне голема експедиција „ЕксоМарс“ во јуни, во соработка со Европската вселенска агенција, но барањето на знаци од живот на Марс е одложено за 2022 година заради технички проблеми и епидемијата на коронавирусот, соопшти руската вселенска агенција.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот