
САД нудат награда од 5 милиони долари за информација за криптокралицата Ружа Игњатова
Стејт департментот објави понуда за награда во рамките на Програмата за награди за транснационален организиран криминал до 5 милиони американски долари за информации што ќе доведат до апсење и/или осуда на германската државјанка Ружа Игњатова, барана во Соединетите држави за нејзиното учество во една од најголемите глобални шеми за измама во историјата.
Препорачано
„Почнувајќи од приближно 2014 година во Бугарија, Игњатова, како коосновач на OneCoin Ltd, и други измамиле инвеститори од целиот свет за милијарди долари. Игњатова го промовираше OneCoin како инвестиција во дигитална валута преку лажни изјави и претстави за привлекување инвеститори. До 2017 година, се верува дека OneCoin измамил жртви за повеќе од 4 милијарди долари“, соопшти американскиот Стејт департмент.
The TOC Rewards Program offers up to $5M for info leading to the arrest and/or conviction of Ruja Ignatova, the “Crypto Queen,” for her role in one of the largest global fraud schemes in history. https://t.co/uxrMi33Dzu pic.twitter.com/vtvDdTVHEe
— US Dept of State INL (@StateINL) June 26, 2024
Наградата од 5 милиони долари за информации за криптокралицата Ружа Игњатова ја најави американскиот амбасадор во Софија на средбата по повод истрагата која заедно ја спроведоа бугарското обвинителството и Федералното биро за истраги (ФБИ) на САД за разоткривање на шемата за трошење финансиски средства со учество на Ружа Игњатова.
– За мене е привилегија и голема одговорност да бидам достоен партнер на Федералното биро за истраги на САД. Ние по закон и по вокација сме заеднички партнери против беззаконието – изјави заменик јавниот обвинител на Бугарија, Борислав Сарафов и појасни дека против Ружа Игњатова ќе биде поднесена кривична пријава во отсуство и дека во тек е постапка за одземање на незаконски стекнатиот имот.
Се разговараше и дека Бугарија треба да добие дополнителна поддршка со зголемување на мисијата во земјата со федерален агент кој ќе помогне во обемната истрага.
– Игњатова се бара за учество во една од најсофистицираните финансиски измами во светот. Две недели откако беше обвинета во октомври 2017 година, Игњатова бега од Бугарија во Грција. Оттогаш таа се крие – се потсети американскиот амбасадор Кенет Мертен во Софија.
Тој нагласи дека пред две години – во 2022 г. таа беше додадена на листата на 10 најбарани на ФБИ.
– САД високо го ценат партнерството со Обвинителството на Бугарија и безбедносните служби. Подоцна ќе дадеме изјави со дополнителни детали како граѓаните можат да дадат информации за Ружа Игњатова и да придонесат за нејзино апсење – најави и Кенет Мертен.
– One coin“ е во сопственост на г-ѓа Игњатова и е финансиска измама по принципот на пирамида, со основна дејност на Блискиот Исток – рече Пламен Тончев, првиот човек на Државната агенција за национална безбедност на Бугарија (ДАНС).
Измамата на Ружа Игњатова е типична „понзи шема“
Измамата со криптовалутата „OneСoin“ која ја креираше Игњатова ја коментираше крими психологот Росен Јорданов во гостувањето во БНТ.
– Пристапите кон измамите се развиваат во зависност од ерата во која живееме и техничките средства со кои располагаме, а измамата на Ружа Игњатова со криптовалутата OneCoin е типична „понзи шема“. Во повеќето случаи каде што имаше масовност на ваквите појави, тоа се случуваше пред, за време или веднаш по сериозна финансиска криза, кога се родија финансиските пирамиди. Во Соединетите држави, очигледно криптокралицата, како што ја нарекуваат, ја започнала својата активност по големата финансиска криза од 2008-2009 година – рече Јорданов.
Бугарскиот психолог објасни дека масовните отстапувања во перцепциите на луѓето обично се случуваат по големи кризи, а последната беше ковид пандемијата.
„Во 2003-2004 година учествував во единствената експертиза кај нас за откривање манипулативни механизми. Компанија одржуваше информативни деловни состаноци кои изгледаа крајно автентично и привлекуваа луѓе кои вложија средства од 2.000 евра, а потоа бараа други лица кои исто така ќе вложат. Разликата со Ружа е што таа повторно не понуди ништо, туку само нов тип на валута“.
– Измамниците создаваат нешто што изгледа веродостојно, без разлика дали е крипто, деловен договор или измислен производ. Се чини дека се е во ред, но недостасува еден дел, кој измамените сами го комплетираат – истакна Јорданов.
Според него, Ружа Игњатова ја „надополнила“ својата измама со основање фондација.
Каде се крие бугарската крипто кралица – Ружа со променет изглед плови на јахта на Медитеранот