Џина Рајмондо / Фото EPA-EFE/Jose Mendez

САД не сакаат да ги прекинат економските врски со Кина

САД мора да вложат повеќе напори за да бидат поуспешни во конкуренцијата со Кина, рече американската секретарка за трговија Џина Раимондо, истакнувајќи во исто време дека Вашингтон не се обидува да ги прекине врските меѓу двете најголеми светски економии. Предностите на Америка во конкуренцијата со Кина се силните универзитети, милијардите долари владино финансирање за производство и истражување на полупроводници и силни сојузници ширум светот, нагласи Раимондо.

„И покрај сите овие предности ефикасното натпреварување со Кина нема да биде лесно, ќе бара напорна работа од сите, не само од владата“, рече Раимондо.

Таа претстави нова стратегија за поуспешна конкуренција. „Имаме намера да го зајакнеме нашиот систем за контрола на извозот, да ги подобриме механизмите за проверка на инвестициите, да ја зајакнеме отпорноста на нашиот синџир на снабдување и да развиеме иновативни решенија како одговор на кинеската економска принуда и кршењето на човековите права“, рече Раимондо.

Aмериканската стратегија за контрола на извозот е „прилично реактивна“ и се фокусираше на обидот да ја спречи Кина да ги прошири своите технолошки способности откако обезбеди пристап до американската интелектуална сопственост, рече министерката за трговија на САД.

Во октомври, Министерството за трговија објави серија мерки за контрола на извозот, сериозно ограничувајќи го пристапот на Кина до американската технологија за производство на чипови и значително ги засили напорите за ограничување на технолошкиот и воениот напредок на Пекинг.

САД работат со сојузниците на ограничувањата на извозот на алатки за производство на полупроводници и се надеваат дека „ќе преземат чекори слични на нашите“, им рече Раимондо на новинарите во вторникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот