Роднини на венецуелски мигранти депортирани во Ел Салвадор бараат нивно ослободување/Фото: EPA-EFE/Ronald Pena R

САД: Кривични пријави против 27 лица поврзани со венецуелската наркобанда Трен де Арагва

Вкупно 27 лица за кои се тврди дека се поврзани со бандата Трен де Арагва, првично основана во Венецуела, се соочуваат со кривични пријави од американските власти за серија сериозни прекршоци, објави во понеделникот Министерството за правда.

27-те осомничени се наводно „членови, поранешни членови или соработници“ на Трен де Арагва и се обвинети за „убиства, трговија со луѓе, трговија со дрога и изнуда“, според вршителот на должноста обвинител на Јужниот округ на Њујорк, Метју Подолски.

Мултинационалната криминална банда Трен де Арагва, основана во Венецуела, ги рашири своите пипала низ Латинска Америка, како и во Соединетите Држави, каде администрацијата на претседателот Трамп сега ја прогласи за „странска терористичка организација“.

Потпирајќи се на законот за странци од 1798 година, кој дотогаш се користел само во време на војна, администрацијата на претседателот Трамп депортираше стотици имигранти кои ги обвини дека припаѓаат на оваа банда. Трамп по ова обвиненија депортираше венецуелски граѓани во Ел Салвадор во тамошниот затвор со максимална безбедност.

Адвокатите на овие луѓе нагласуваат дека нивните клиенти немаат врска со бандата Трен де Арагва и дека тие не извршиле никакво кривично дело, а се таргетирани само затоа што имале тетоважи.

На 7 април, Врховниот суд на САД ја поништи судската наредба со која се забрануваа депортации од ваков карактер, а во исто време пресуди дека депортираните мора да имаат можност да ги оспорат мерките преземени против нив на суд. На 19 април судот ја суспендираше новата тура мигранти од Венецуела кои требаше да се депортираат „до понатамошно известување“.

„Не можеме да имаме судења за секого, бидејќи за тоа би биле потребни, без претерување, 200 години“, изјави претседателот Трамп вчера преку социјалната мрежа Truth Social.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот