САД ќе формираат Форум на производители на „нулта” емисии на штетни гасови

Американското Министерство за енергетика соопшти денеска дека ќе се обиде да создаде Форум на производители на „нулта” емисии на штетни гасови. Целта на Форумот е да се постигнат нето-нулта емисии на штетни гасови во светски размери преку „развој на долгорочни стратегии”.

Канада, Норвешка, Катар и Саудиска Арабија ќе им се придружат на САД во овие напори. Треба да се напомене дека овие пет земји сочинуваат 40 отсто од целото производство на нафта и гас во светот.

Форумот ќе се фокусира на „намалување на метанот, подобрување на циркуларниот пристап кон јаглеродната економија, развој и имплементација на чиста енергија и технологии за складирање на јаглерод, диверзификација при пресметка на приходите од јаглеводороди и други мерки согласно националните услови на секоја држава”, се наведува во соопштението на Министерството за енергетика на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!