
САД и Кина постигнаа прелиминарен договор за Тикток, Трамп и Си ќе одлучат во петок
Соединетите Американски Држави и Кина постигнаа прелиминарен договор за иднината на кинеската социјална мрежа Тикток во Америка, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесант по разговорите меѓу двете страни во Мадрид.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Претседателите на САД и Кина, Доналд Трамп и Си Џинпинг, ќе разговараат за деталите од договорот за Тикток во петок, додаде Бесент.
Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп потврди дека е постигнат договор „за компанија што младите луѓе во нашата земја сакаат да ја задржат“.
Американските власти претходно ѝ дадоа на кинеската Bytdance рок до 17 септември да го продаде американскиот дел од бизнисот на Тикток, а договорот веројатно ќе овозможи транзиција на оваа платформа во Соединетите Американски Држави под контрола на Вашингтон, објавува CNN.
Главниот преговарач на Кина, Ли Ченганг, потврди дека е постигнат договор за Тикток и рече дека Америка треба да престане да врши притисок врз кинеските компании.
„Тикток“ со години е во центарот на тензиите меѓу двете најголеми економии во светот. Минатата година, Конгресот на САД ја забрани дистрибуцијата на оваа платформа преку продавниците за апликации во САД поради нејзиниот статус како „апликација под контрола на странски противник“.
Трамп постојано го продолжуваше рокот за продажба на американскиот дел од „Тикток“, но предупреди дека без отстапки од Пекинг, апликацијата ќе биде затворена за американските корисници.
Потенцијалните купувачи се исто така во играта, а Трамп претходно спомена дека американски милијардери како Лари Елисон и Илон Маск би можеле да го преземат „Тикток“ во Соединетите Држави.