
Сабаленка без борба до полуфинале на САД Опен
Актуелната шампионка на САД Опен, Арина Сабаленка, обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот и тоа без да излезе на терен. Нејзината противничка, Чехинката Маркета Вондрушова, поради повреда на коленото беше приморана да го предаде четвртфиналниот меч пред истиот да започне.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Жал ми е што морам да соопштам дека нема да можам да настапам. Се обидов да издржам, но уште за време на загревањето почувствував силна болка. По консултација со лекарите, донесовме одлука да не ризикуваме со влошување на состојбата“, изјави Вондрушова.
Чехинката и минатата година се мачеше со повреди, поради проблеми со рамото го пропушти минатиот САД Опе, а по кратко враќање во февруари, повторно беше надвор од терените три месеци.
За Сабаленка, ова е 11. полуфинале на последните 12 грен-слем настапи, а во борба за пласман во финалето, Белорусинката ќе се сретне со Американката Џесика Пегула.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11мин
-
51мин
-
1час
-
2час
-
12час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5