
Сѐ што треба да знаете пред доделувањето на наградите Еми
Овогодинашните награди Еми ќе бидат доделени во Лос Анџелес на 14 септември. Кај нас ќе може да се проследат ноќта од недела кон понеделник, а ќе вклучуваат програми емитувани помеѓу јуни 2024 и мај 2025 година.
Препорачано
Кој е водител на доделувањето на наградите Еми во 2025 година?
Комичарот Нејт Баргац ќе ги води овогодинешните награди. Кога беше објавено, тој рече дека тоа е голема чест и дека е многу возбуден поради тоа. Во меѓувреме, тој му рече на Стивен Колбер дека сака сите да уживаат и дека се надева дека наградата ќе биде жива и забавна.
Кој е номиниран?
Листата на номинирани е претставена од серијата „Студиото“ со дури 23 номинации, што го изедначи рекордот поставен од серијата „Мечката“ минатата година.
Во категоријата драма, серијата „Северанс“ има најмногу номинации за наградите Еми, со дури 27 номинации.
Листата на номинираните можете да ја најдете ТУКА.
Кои ќе бидат презентери?
Американската телевизиска академија го објави списокот на презентери, меѓу кои се: Елизабет Бенкс, Анџела Басет, Џејсон Бејтман, Кети Бејтс, Кристен Бел, Стерлинг К. Браун, Стивен Колберт, Џенифер Кулиџ и Алан Камингс.
Исто така на списокот се наоѓаат: Ерик Дејн, Колман Доминго, Тина Феј, Волтон Гогинс, Тони Голдвин, Кетрин Хан, Маришка Харгитеј, Кристофер Мелони, Џастин Хартли, Џуд Ло, Џејмс Марсден и Џена Ортега.
Списокот го заокружуваат: Сара Полсон, Еван Питерс, Паркер Поузи, Хиројуки Санада, Ана Саваи, Мајкл Шур и Кетрин Зета-Џонс.
Кои серии беа наградени минатата година?
На минатогодишното доделување на наградите, голем победник беше серијата „Шогун“, која доби вкупно 18 статуетки.
Покрај неа, голем успех постигна и „Мечката“ со 11 награди, како и сериите „Хекс“ и „Бебе ирвас“.