
Сѐ повеќе луѓе ставаат паста за заби во машината за перење! Трик кој го „полуде“ целиот свет
Одржувањето на вашата машина за перење не мора да биде комплицирано – со едноставни трикови и производи што веќе ги имате дома, можете да обезбедите совршено чиста облека и да го продолжите животниот век на вашиот апарат за домаќинство.
Препорачано
Во денешно време, кога сè повеќе луѓе избираат природни и еколошки методи за чистење, природните состојки како лимон, оцет и сода бикарбона станаа незаменливи сојузници во одржувањето на домот.
Еден од најлесните трикови за темелно чистење на вашата машина за перење вклучува две таблети за машина за миење садови. Ставете ги директно во барабанот на машината, без да ја извадите обвивката, затворете ја вратата и започнете го циклусот на перење на 60 степени. Овој процес ги отстранува насобраните нечистотии и наслаги, оставајќи ја вашата машина освежена и подготвена за употреба.
Доколку преферирате природни решенија, пробајте го методот со лимон и паста за заби. Лимонот исечете го на половина, исечената страна премачкајте ја со паста за заби и ставете ја во барабанот на машината за перење.
Нанесете уште малку паста на внатрешната страна на вратата. Оваа комбинација не само што ги елиминира непријатните мириси, туку и ја прави вашата машина блескава чиста, го спречува замаглувањето на стаклото и придонесува за подобро перење на алиштата.