Вилма Русковска, гостин во Утрински брифинг/Фото: Слободен печат

Русковска: Криминал има, корупција има – секој кој е виновен, за кој ние ќе собереме докази ќе одговара

Шефицата на јавното обвинителство Вилма Русковска  смета дека неоправдани се нападите од опозицијата дека обвинителството не постапува по случаите за корупција.

-Тоа е политички маркетинг на опозицијата. Криминал има, корупција има, да бидеме на чисто, но да бидеме и малку реални. Претходно се немаше случено, за претседател на Собрание да има обвинение. Да бидат обвинети соработници на премиерот. Јавноста треба да помогне, да пријават ако некој им изнудува пари, за било што, што се коруптивни дејствија. ЈО во овие три години покажа дека секој што е виновен, за кој ние ќе собереме докази ќе одговара, децидна е обвинителката Русковска.

Според неа податоците покажуваат дека Јавното обвинителство добро работи.

-Според Годишниот извештај за 2020 година која беше година со пандемија, карантини и со помалку предмети за работа и кога органите работеа со половина капацитет пресудени се 250 лица, за разлика од 2019 година кога имаше осудени околу 80 лица. Имаме многу предмети за кои јавноста не знае и не е заинтрерсирана. Кога ќе се заврши еден предмет имаме олеснување, вели обвинителката.

Таа смета дека лично не може да дејствува за поголем рејтинг на институцијата со која раководи.

-Не можам да го кренам рејтингот на целото обвинителство, толку можам. Се подобрува рејтингот само со кривично гонење без оглед на тоа кој од која партија е, туку и дали направил кривично  дело и дали ние може тоа да го докажеме, рече Русковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот