Змиски остров украина црно море
Сателитска слика од островот направена од Maxar Technologies / Фото: Профимедиа

Руско МО: Го напуштивме Змискиот остров во знак на добра волја

Руските сили се повлекоа од Змискиот остров во близина на украинскиот брег во Црното Море како „знак на добра волја”, соопшти денеска Министерството за одбрана.

Министерството соопшти дека овој потег покажува дека Русија не ги попречува напорите на Обединетите нации за организирање хуманитарен коридор за извоз на земјоделски производи од Украина.

Змискиот остров, што Русија го окупираше на првиот ден од инвазијата, стекна светска слава кога украинските граничари кои беа таму, го одбија барањето на руски воен брод за предавање.

ВИДЕО | Киев ќе се бори да го врати Змискиот остров: Тој што го има островот има целосна контрола врз западниот дел на Црното Море

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот